Историја

ноември 8, 2014

Историја

Почетоците се пред 40 години односно со привремена работа во Германија каде што сопственикот ДИМОВСКИ СТОЈАН ги стекнал своите работни искуства, кои што ги пренесува на својот работен кадар.

Од 1989 година ФОЛМЕР-ТЕХНА како прв сервис за острење во рамките на Македонија, е врзан со една единствена заложба: Квалитетно острење на алати во дрвна, метална индустрија, индустријата за преработка на хартија, острење специјални алати по барање на потрошувачите, како и технолошко напредување.

Со порастот на потреби во нашата дејност ФОЛМЕР-ТЕХНА во 1992 се проширува во погонот за острење кој се простира на 420 м2, добива соптвени канцеларии, соби за состаноци итн. Со тоа прераснува во врвна компанија.

Со брзиот раст на побарувачката за острење, во 1997 година ФОЛМЕР-ТЕХНА започнува со ЦНЦ роботизирана технологија на острење.

Од 1997 година машинскиот парк на ФОЛМЕР-ТЕХНА се повеке расте.

Со употреба та на високопрецизни машини за оштрење, врвната мерна технологија, како и дологодишното работно искуството ФОЛМЕР-ТЕХНА, постојано се прилагодува кон потребите на иднината, за Ваша поголема продуктивност.